|
Вие сте овде: Eurofound > За Eurofound > Пристап до интерни документи My Eurofound: Login or Sign Up   

Пристап до интерни документи на Eurofound

Достапни јазици:

Членовите на јавноста може да се пријават за пристап до документите на Eurofound. Давањето јавен пристап до своите интерни документи Eurofound го смета за важен дел од неговата широка информативна политика за давање што е можно поцелосна слика за активностите на Eurofound.

Регулативата ЕЗ (бр.) 1049/2001 од мај 2001 година за јавен пристап до интерните документи на Европскиот парламент, Советот и Комисијата беше проширена и на агенциите во септември 2003 година. Во март 2004 година, Административниот одбор (денес Управен одбор) на Eurofound усвои правила за спроведување (pdf, 91kb), за примена на регулативата.

Општо земено, ЕЗ (бр.) 1049/2001 наведува дека членовите на јавноста имаат право на пристап до интерни, необјавени документи на Eurofound според принципите, условите и ограничувањата дефинирани во регулативата.

Со цел да ѝ се помогне на јавноста да ги идентификува документите кои можеби ја интересираат, регулативата нуди постоење на регистар на јавни документи со директни врски до самите документи, колку што е тоа можно.

Може да се побараат други документи; краток водич објаснува како да го искористите вашето право на пристап.

Историските архиви на Eurofound се достапни за истражувачи со претходен договор.

Регистрација | Политики | Управен одбор | Финансии | Општо

Страницата последен пат е ажурирана на: 11 October, 2010