Приспособени извештаи

Услугата за приспособени извештаи вклучува обезбедување повремени документи на избрани теми за главни заинтересирани страни по претходно барање. Започна на крајот на 2006 година, а стана целосно функционална од почетокот на 2007 година.

Во темите кои до денес се покриени спаѓаат флексигурност, финансиско учество и минимални плати во Европа - за поцелосен список погледнете ја десната колона. Извештаите се засновани или на оригинална анализа на постоечки извори на податоци на Eurofound (пр. групи податоци од истражувања) или резимеа на претходни истражувања на Eurofound во одредена област.

Клучни цели на новата услуга се обезбедување брзина, флексибилност и квалитет во обезбедувањето приспособен придонес за да се исполнат специфични потреби на главните учесници на Eurofound. Услугата зависи од постоечките податоци - не може да се понуди за теми за кои ќе бидат потребни нови истражувања.

Добредојдени се барања од организации на социјалните партнери на европско и национално ниво, влади на земји-членки и институции на ЕУ. Ќе се применува селективен пристап врз основа на релевантноста на барањата и нивната важност за политиките и достапните ресурси.

Дополнителни информации