Кои сме ние

Eurofound е тело на Европската унија воспоставено во 1975 г. за да придонесе во планирањето и воспоставувањето подобри животни и работни услови. Ја спроведува својата улога во партнерство со владите, работодавачите, синдикатите и институциите на Европската унија.

Eurofound е управуван од директор и заменик-директор, кои му одговараат последователно на Управен одбор. Сегашен директор е Juan Menéndez-Valdés, а заменик-директор е Erika Mezger.  Директорите се назначуваат од Европската комисија од листа дадена од Управниот одбор. Одборот, составен од претставници на владите и социјалните партнери (работодавачи и синдикати), е одговорен за развој на работната програма.

Eurofound исто така одржува Канцеларија за врски во Брисел (Brussels Liaison Office) со двојна улога на зајакнување на забележливоста и влијанието на истражувањата на Eurofound на ниво на ЕУ и за следење на настаните во креирањето политики.

Канцелариите на Eurofound се сместени во Loughlinstown House во Даблин во Ирска, изградена во 17 век.

Преглед

Eurofound има две главни активности:

  • управување со истражување
  • информации и координација

Исто така, ги одржува следните области за поддршка:

  • администрација
  • човечки ресурси
  • оперативни служби
  • информатички и комуникациски технологии

Овие активности се управувани од персоналот на Eurofound во неговите канцеларии во Даблин. Околу 100 членови на персоналот доаѓаат од одреден број земји-членки и имаат голем опсег на професионално искуство и претходни знаења. Мал број експерти се доделуваат од време на време од националните администрации.