Канцеларија за врски во Брисел

Улога

Канцеларијата за врски во Брисел (Brussels Liaison Office), основана во јануари 2002 година, придонесува за стратешкото управување и вкупната политика на комуникација на Eurofound кон неговите заинтересирани страни на ниво на ЕУ.

Нејзината мисија е да:

  • ја зајакне забележливоста и влијанието на истражувањето на Eurofound за креирање политики на ниво на ЕУ преку развивање и проширување на соработката со институциите на ЕУ (Европската комисија, Европскиот парламент, Европскиот економски и социјален комитет, Комитетот на регионите) и со претставниците на социјалните партнери и граѓанското општество. Таквата соработка може да има форма на приспособени извештаи (customised reports) засновани на постоечки податоци на Eurofound.
  • ги следи настаните во креирањето политики во ЕУ во име на Eurofound.

Тимот на Канцеларијата за врски во Брисел (Brussels Liaison Office) е составен од Силви Жаке (Sylvie Jacquet), раководителка на КВБ и Марина Патриарка (Marina Patriarka), службеник за информации.

Каде да ја најдете КВБ во Брисел?

Avenue d’Auderghem, 20
B – 1040 Brussels
Belgium

Е-пошта: Eurofound.brusselsoffice@eurofound.europa.eu