Работните услови во Европската унија: Организација на работата - Работно резиме

Следејќи го истражувањето од 2005 година, Еурофонд ги изнесе следните продлабочени анализи врз основа на нивните наоди во врска со клучните теми поврзани со работните услови во ЕУ. Разновидноста на формите на организираноста на работата низ Европа е една од истражените теми и претставува предмет на овој извештај. Во рамките на овој преглед, беа анализирани резултатите на ЕАРУ за да се одбележат разликите во главните форми на организираноста на работата меѓу државите на ЕУ, проучувајќи ги структурните, демографските и меѓудржавните карактеристики кои помагаат да се дефинираат разновидните форми и да се истражат односите помеѓу организираностите на работа и различните димензии на квалитетот на работењето и вработувањето. Оваа студија ја вклучува и анализата на поврзаноста помеѓу организираноста на работата и практиките на менаџментот на човечките ресурси (МЧР), взаемно со проверувањето на организираноста на работата во малите претпријатија и „непазарните” сектори, какви што се јавната управа и социјалната заштита, образованието, здравството и институциите за социјална работа.



Download PDF: MK (pdf 58.62 Kb)
Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment