Работни услови на постарата работна сила - Извршно резиме

Eurofound, следејќи го истражувањето од 2005 год., изврши понатамошни детални анализи на своите резултати во однос на клучните теми поврзани со работните услови во ЕУ. Една од истражуваните теми беше постарата работна сила и нејзините далекусежни импликации за општеството и пазарот на трудот во целина. Студијата нагласува четири фактори кои се клучни за моделирањето на старосната структура на европската работна сила: осигурување професионален развој и работна сигурност; одржување и промовирање на здравјето и благосостојбата на работниците; развивање на вештини и способности, како и ускладување на деловниот и приватниот живот. Оваа брошура накратко ги прикажува главните предизвици кои ги поставува стареењето на работната сила и претставува краток увид во главните резултати на истражувањето.



Download PDF: MK (pdf 62.33 Kb)
Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment