Петто истражување за работните услови во

Работата игра главна улога во животот на луѓето, за функционирањето на компаниите и општеството во целина. Подобрувањето на квалитетот на работата и работните услови веќе долго време е во преден план на политиката на ЕУ, а од неодамна и во стратегијата Европа 2020 кон „паметен, инклузивен и кохезивен раст“. Петтото истражување за работните услови во Европа (European Working Conditions Survey – EWCS) истражува различни теми како што се физички ризици, работно време, полова сегрегација, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, организација на работата, стрес на работното место, развој на вештини и плата, како и здравје и благосостојба. Трендовите во работните услови прикажани во табелите од истражувањето ги идентификуваат најголемите фактори за ризик и ги нагласуваат прашањата коишто заслужуваат политичко внимание. Базирано врз интервјуа на 44.000 работници во 34 европски земји, Петтото истражување за работните услови (EWCS) претставува богата база на информации и анализи за работата во сите свои димензии во Европа денес.



Download PDF: MK (pdf 45.85 Kb)
Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment