Поларизација во вработувањето и квалитет на работните места во време на криза: европски центар за следење на работните места 2013

Во овој извештај се опишани неодамнешните структурни промени во вработувањето на европските пазари на труд пред, за време и по рецесијата во периодот 2008-2009 година. Забележано е дека укинувањето на работните места низ Европа за време на рецесијата беше силно поларизирано во поглед на структурата на платите, додека помала поларизација беше забележана во периодот 2010-2012 година. Пристапот базиран на работни места утврдува на кој начин се распределуваат чистите промени во вработеноста кај работните места на ниво на земји-членки и на ниво на ЕУ во различни квинтили на распределба на платата. Два алтернативна критериума за рангирање на работните места се базираат на просечното ниво на образование на вработените лица и на мултидимензионалната мерка за квалитетот на работното место, индексот за квалитет на непаричните работни места. Овој нов индекс, којшто е изведен со помош на податоците од петтото истражување за работните услови во Европа, се базира на собирање информации за широк опсег на атрибути на работното место поврзани со благосостојбата на работното место според мислењето на социолозите.



Download PDF: MK (pdf 55.67 Kb)
Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment