Преструктуирањето на МСП во Европа

Преструктуирањето е дел и компонента на економскиот систем во Европа бидејќи компаниите мораат да се приспособат на променетите услови за да бидат и понатаму одржливи и конкурентни. Најголем дел од политиките до денес се фокусираат на преструктуирањето на големите претпријатија. Што се однесува до релативната важност на МСП, коишто претставуваат повеќе од 99 % од европските претпријатија и околу 66 % од вработеноста во приватниот сектор, креаторите на политики на сите нивоа треба да ги разберат специфичните предизвици со коишто се соочуваат помалите фирми со цел да се овозможи соодветна поддршка за овој столб на европската економија. Врз основа на информациите добиени од 85 студии на случаи во сите земји-членки и од други извори, во извештајот се нагласуваат одликите што се несвојствени за МСП при предвидувањето и управувањето со преструктуирањето, се истражуваат главните двигатели за промена и се анализираат факторите што влијаат за успешно преструктуирање. Во него се дава широк и споредбен увид за тоа како влијае преструктуирањето врз работниците и самата компанија и поставува неколку политички показатели за идни активности.



Download PDF: MK (pdf 57.26 Kb)
Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment