Достапност на податоци

Достапност на податоци

Политика на Eurofound е прашалниците и базите на податоци да се направат слободно достапни за јавноста. Прашалниците ќе бидат достапни по завршувањето на теренската работа во врска со истражувањето. Базите на податоци од истражувањето се достапни не подоцна од две години по завршувањето на теренската работа.

Прашалници

Најнови достапни прашалници се:

Врските до прашалниците за претходните изданија од истражувањето можат да се најдат на страниците за конкретни фази од истражувањето.

Бази на податоци за истражувањата

Базите на податоци и придружните материјали на Eurofound се чуваат во Архивата на податоци во Обединетото Кралство (UKDA) во Есекс, ОК и се промовираат на интернет преку Меѓународната служба за економски и социјални податоци (ESDS).

Податоците се достапни бесплатно за сите регистрирани корисници коишто имаат намера да ги користат за непрофитабилни цели. Барањата за комерцијална употреба ќе бидат проследени до Eurofound за одобрување.

Сите заинтересирани за користење на податоците од истражувањето на Eurofound треба да ја следат следнава постапка:

  1. Пристапете до веб-локацијата на ESDS. Пронајдете ги истражувањата со притискање на ‘Micro data’ на левата лента, а потоа кликнете на Eurofound
  2. На страницата на Eurofound, кликнете на насловот на релевантното истражување за повеќе информации околу базата на податоци
  3. Кликнете на ‘Download/order (Преземи/нарачај)’. Сега ќе треба да се најавите со корисничко име и лозинка:
    • Ако сте од универзитет или колеџ на ОК, можете да се најавите со истото корисничко име и лозинка што ги користите за пристап до локалните служби на вашата институција.
    • Сите останати треба да пополнат барање за корисничко име и лозинка на Архивата на податоци на Обединетото Кралство на http://www.data-archive.ac.uk/sign-up/credentials-application.