Обезбедување квалитет на истражувањата од Eurofound
Обезбедување квалитет за истражувањата
Eurofound се стреми да обезбеди висок квалитет на податоците од неговите истражувања усогласувајќи се со општо договорените стандарди за методологија и постапки. Тоа се постигнува следејќи ги критериумите за квалитет на Европскиот статистички систем (ESS) во проектирањето, спроведувањето и процената на квалитетот на истражувањето. Што се однесува до истражувањата на Eurofound, критериумите се применуваат на следниов начин.
- Релевантност: Уверување дека истражувањето ги задоволува тековните и потенцијалните потреби на корисниците
- Точност: Поседување податоци за кои процените се колку што е можно поблиски со вистинските вредности. Во практика ова се прави со минимизирање на какви било грешки во истражувањето
- Навременост и точност: Ширење податоци најблиску можно до референтниот период и следење на поставениот распоред за објавување на податоците
- Достапност и прегледност: Овозможување на корисниците лесен пристап до наодите и податоците од истражувањето и нудење неопходни заднински информации за толкување на наодите
- Кохерентност и споредливост: Ревидирање на податоците во споредба со други поврзани податоци од други извори и проценување дали разликите можат да им се припишат на разликите меѓу вистинските вредности. Воспоставување споредливост на податоците низ географски подрачја и со тек на време.
Целта е постојано подобрување на квалитетот и рентабилноста на истражувањата. Критериумите за квалитет и неопходните чекори во процесот за задоволување на тие критериуми се поставени во тендерските спецификации и во деталното планирање на процесот на истражувањето. Постапки за проверка на сите аспекти на подготовката, теренската работа и обработката на податоци од истражувањето и постапки за собирање сèопфатна документација за тоа како се задоволени и воспоставени критериумите за квалитет.
Влијанието на истражувањата врз креирањето политики и употребата на податоците во истражувања се следат постојано. Се собираат информации за тоа како истражувањата ги задоволуваат потребите на корисниците. Покрај тоа, надворешните процени на квалитетот на податоците и процесите на истражувањата се овластуваат и објавуваат.