Истражувања на европските компании

Истражувањето за европските компании (ECS) се врши на секои четири години од неговото воведување во 2004-2005 година како Истражување за европските установи за работното време и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот (European Establishment Survey on Working Time and Work-Life Balance - ESWT). Второто истражување (спроведено под новиот наслов Истражување за европските компании) беше завршено во 2009 година, а третото се спроведува во 2013 година.

Истражувањето ги има следниве цели:

  • мапирање, проценување и мерење на информациите за политиките и практиките на компаниите низ Европа врз хармонизирана основа;
  • анализирање на односите помеѓу практиките на компаниите и нивното влијание, како и осврнување на практиките од гледна точка на структурите на ниво на компанија со особен нагласок на социјалниот дијалог;
  • следење на трендовите;
  • давање придонес за Европската стратегија „2020“ преку мапирање и разбирање на политиките и практиките на компаниите што можат да имаат влијание врз паметниот, одржливиот и инклузивниот раст, како и развојот на социјалниот дијалог во компаниите. Истражувањето треба да го земе предвид развојот на хомогени показатели околу овие прашања за европската јавност.

ECS претставува истражување со репрезентативни примероци врз база на прашалник спроведено по телефон на јазикот(те) во земјата. Особена одлика на истражувањето е дека интервјуата се вршат со раководител одговорен за кадровски прашања во установата и, кога е можно, со претставник на вработените. Првиот бран од истражувањето опфати прашања во врска со уредувањето на работното време и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот на ниво на компанија. Вториот бран се осврна на различни форми на флексибилност, вклучувајќи флексибилност на работното време, флексибилност во договорите за работа, променлива плата и финансиско учество, како и придружни кадровски мерки и природата и квалитетот на социјалниот дијалог на работното место. Во третото истражување ќе се разгледуваат организацијата на работното место, иновацијата на работното место, учеството на вработените и социјалниот дијалог на работните места во Европа.

По проширувањата на ЕУ, се прошири и географскиот опсег на примена на истражувањето:

  • Прво ECS (ESWT) во 2004-2005 г.: 21 земја: 15 ‘стари’ земји-членки на ЕУ и Кипар, Република Чешка, Унгарија, Латвија, Полска и Словенија
  • Второ ECS во 2009 г.: 30 земји, вклучувајќи 27 земји-членки на ЕУ, Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ) и Турција.
  • Трето ECS во 2013 г.: 32 земји, вклучувајќи 27 земји-членки на ЕУ и Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ), Исланд, Црна Гора и Турција.