Истражување на европските компании (ECS) од 2009 г. - финансиска успешност

Теренската работа, спроведена по телефон, за целите на Истражувањето на компаниите во Европа од 2009 г. (ECS) беше завршена во 2009 г. Податоците добиени од речиси 30.000 претпријатија коишто учествуваа во истражувањето низ Европа треба значително да придонесат кон подобрување на процесот на креирање политики во ЕУ во иднина.

Eurofound и неговите клучни заинтересирани страни одлучија дека е корисно да имаат одредени показатели за финансиската успешност на претпријатијата што учествуваа во истражувањето. Финансиската успешност може да претставува интересна заднинска варијабла којашто ќе помогне во процената на политиките и практиките што ги применуваат компаниите во областите како што се флексибилност, кадровско управување и социјален дијалог.

Се применувал двостран пристап.

  • Прво, одреден број прашања од главниот прашалник во рамки на ECS се однесуваа на субјективните мерки на’финансиската успешност на претпријатијата и продуктивноста на трудот, врз основа на мислењата од испитаните раководители.
  • Вториот модул (финансиска успешност) имал за цел да ги потврди субјективните мерки и да го прошири аналитичкиот потенцијал на собраните податоци. Во рамките на активноста се собраа дополнителни информации за резултатите на приватните претпријатија во пет земји – Финска, Германија, Полска. Шпанија и Обединетото Кралство – каде што има различни ‘социјални режими’.

Последователни активности

Како што беше најавено на крајот од оригиналното телефонско испитување, TNS Infratest Socialforschung GmbH се врати кај приватните претпријатија во целните земји со неколку дополнителни прашања. Ваквиот краток прашалник имаше за цел да ги прошири одговорите добиени при телефонското испитување и да ја направи базата на податоци повредна за научна анализа. Содржеше неколку прашања за финансиската успешност. За да може да се добие целосен одговор на прашањата, може да биде неопходно разгледување на досиејата на компаниите’ за прецизни одговори.

Резултатите од модулот за финансиската успешност ќе бидат објавени...