Методологија за Истражувањето на европските компании (ECS) во 2009 година

ECS од 2009 г. е второто истражување на организации од големи размери спроведено од Eurofound следејќи го Истражувањето за работното време и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот (ESWT) спроведено во 21 земја во периодот од 2004 до 2005 г.

Цели

Целите на истражувањето биле да се:

  • мапираат, проценат и да се измерат информациите за политиките и практиките на компаниите низ Европа врз хармонизирана основа;
  • анализираат односите помеѓу практиките на компаниите и нивното влијание, како и практиките за анализирање од гледна точка на структурите на ниво на компанија, фокусирајќи се особено на социјалниот дијалог;
  • следат трендовите;
  • придонесе за Лисабонската стратегија во однос на прашањата за политиките и практиките на компаниите што се однесува до нивното влијание врз квалитетот на работните места, како и развојот на социјалниот дијалог во компаниите. Истражувањето треба да го земе предвид развојот на хомогени показатели околу овие прашања за европската јавност.

Дизајн и методологија

ECS од 2009 г. беше спроведено во 30 земји: 27 земји-членки на ЕУ плус Хрватска, Турција и поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ). TNS Infratest Sozialforschung од Минхен, (Германија), во соработка со група експерти и национални институти за теренска работа, беше одговорен за спроведување на истражувањето.

Истражувањето беше спроведено преку компјутерски потпомогнати телефонски испитувања (CATI). Компаниите што се испитувале биле избрани случајно од оние со 10 или повеќе вработени во секоја земја.

Бил испитан претставник од раководството, а каде што било изводливо, и претставник од вработените во секоја компанија. Интервјуата траеле просечно 20 минути за претставници од раководството и 15 минути за претставници од вработените. Достапни се и прашалници.

Во истражувањето не биле вклучени секторите за земјоделство и риболов, приватни домаќинства и надворешни организации. Во примерокот е опфатена и јавната администрација.

Кон крајот на 2009 година било спроведено истражување со ограничено проширување со цел да се соберат дополнителни нформации за финансиската успешност на компаниите од приватниот сектор. Тоа ги опфатило субјектите во пет земји – Финска, Германија, Полска. Шпанија и Обединетото Кралство – каде што има различни ‘социјални режими’.

Обезбедување квалитет

Eurofound градела значителна експертиза веќе многу години при спроведувањето истражувања и развила најдобри практики за обезбедување квалитет. Рамката за обезбедување квалитет  за ECS од 2009 г. се состои од четири главни столбови:

  • Планирање: систематско планирање и мапирање на целиот истражувачки процес;
  • Консултирање: консултирање со експерти, заинтересирани стани и корисници во истражувањето при развојот на прашалникот, клучните истражувачки методи и методолошките стратегии;
  • Транспарентност: целиот истражувачки процес ќе биде транспарентен, како внатрешно, така и надворешно;
  • Документирање: документирање на секој поединечен чекор, одлуките или случувањата во текот на проектот овозможувајќи лесно следење на секој чекор.

Со цел обезбедување квалитет во истражувањето, и во согласност со практиките на Eurofound, во почетокот се сметало неопходно да се вклучат експерти и корисници на истражувањето, на пр. клучни актери од Eurofound претставувани од членови на Извршниот одбор во трипартитната Советодавна комисија за ECS од 2009 г.

Извештајот Обезбедување квалитет на второто Истражување на европските компании врши процена на квалитетот во сите негови фази, почнувајќи од дизајнот на испитувањето до конечното ширење податоци.

За повеќе информации контактирајте со Камила Гали да Бино (Camilla Galli da Bino), тел.: 00 353 1 2043125, е-пошта: gdb@eurofound.europa.eu