Истражување на европските компании (ECS) од 2009 г.

Флексибилност на работното време

  • Повеќе од половина (56 %) од компаниите во Европа нудат некаков вид договори за флексибилно работно време
  • Околу две тритини од испитаните субјекти на своите вработени им нудат вработување со скратено работно време
  • Во текот на 12-те месеци пред истражувањето, највисокиот обем на работа се решавал со прекувремена работа од страна на вработените кај нешто повеќе од две третини (68 %) од претпријатијата. Прекувремената работа е релативно подеднакво раширена низ различни сектори на економска активност
  • Работењето во нестандардно работно време останува на стабилно ниво и го користат значително помал број претпријатија отколку други форми на флексибилност на работно време. Во околу 44 % од претпријатијата во ЕУ има работници кои често треба да работат во нестандардно работно време, најмногу во саботи (40 %).

Забелешка: видеозаписот е достапен само на англиски јазик