Истражување за европските компании во 2013 година
- български (bg)
- español (es)
- čeština (cs)
- dansk (da)
- Deutsch (de)
- eesti (et)
- ελληνικά (el)
- English (en)
- français (fr)
- Gaeilge (ga)
- hrvatski (hr)
- italiano (it)
- latviešu valoda (lv)
- lietuvių kalba (lt)
- magyar (hu)
- Malti (mt)
- Nederlands (nl)
- polski (pl)
- română (ro)
- slovenčina (sk)
- slovenščina (sl)
- suomi (fi)
- svenska (sv)
- türkçe (tr)
Европските компании играат пресудна улога за излегување од кризата и постигнување на целите на Стратегијата „Европа 2020“ за одржлив, инклузивен и паметен раст. Вниманието на третоиот бран од истражувањето е насочено кон организацијата на работата, иновацијата на работното место, учеството на вработените и социјалниот дијалог. Истражувањето ќе мапира одреден број практики што се користат на работните места во Европа, а исто така и како се дискутира и преговара за нив на ниво на работно место, како и некои од нивните исходи. Прашалникот беше подготвен во соработка со засегнатите страни и експерти на Eurofound од релевантните области.
Третото ECS беше спроведено од страна на Галуп Европа и опфати вкупно 32 земји (27 земји-членки на ЕУ и Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија, Исланд, Црна Гора и Турција). Големината на целниот примерок за сите 32 земји е 29.950 испитаници, во опсег од 300 до 1650, во зависност од големината на земјата. Анкетирањето се одржа од февруари до мај 2013 година и, како и за претходните бранови, интервјуата беа спроведени по телефон со раководители и претставници на вработените на јазикот(ците) во земјата.
Контролата на квалитетот е важен елемент на сите истражувања на Eurofound и затоа ќе се преземат мерки во сите фази на третото Истражување на компаниите за да се овозможи задоволување на очекувањата за истражување со висок квалитет.
Достапни се прашалници на сите јазици, а подетални информации за методологијата ќе бидат објавени подоцна годинава.