ECS од 2013 г. - Прашалник

Висококвалитетен прашалник е клучен елемент за успешно истражување. Eurofound вложува значителни напори во развојот на својот прашалник. Прашалникот од третото Истражување на европските компании претрпе детална интерна подготовка.

Тој се базираше на два документа со основни податоци, коишто ја подготвија концептуалната рамка за прашалникот. Првиот документ се осврна на организацијата на работата и вклученоста на вработените, додека вториот дава одраз на социјалниот дијалог на работното место како двигател за директно учество.

Покрај тоа, прашалникот беше развиен во тесна соработка со групата за развој на прашалници, која што се состои од експерти од различни земји на Европската унија, за теми што се однесуваат на истражувања во нивните земји, или се вклучени во истражувачки проект низ цела Европа, на пр. MEADOW, како и претставници од меѓународни организации и трипартитни раководни одбори на Eurofound.

Во процесот беше вклучено и напредно преведување од англиски на германски и француски јазик за помош за завршување на изворниот прашалник, како и прелиминарно тестирање во три земји.

Друг витален елемент за овозможување успех на паневропското истражување е квалитетот и компаративноста на јазичните верзии што се користат во секоја земја. Обемната преведувачка процедура што ја применува Eurofound и неговиот изведувач ја одразува важноста од висококвалитетни преводи.

Можат да се преземат изворните прашалници на англиски јазик за анкетирање раководители и анкетирање претставник на вработените.