Истражување за квалитетот на животот во Европа од 2007 г.

PDF version Printer-friendly version

Второто Истражување на Eurofound за квалитетот на животот во Европа (EQLS), спроведено во 2007 година, нуди широкоопсежен поглед на различните социјални реалности во 27 земји-членки на ЕУ, како и Норвешка и земјите-кандидатки Турција, Македонија и Хрватска

Многу од поставените прашања во првото истражување EQLS во 2003 г. биле повторно поставени во однос на теми како што се вработување, приход, образование, сместување, семејство, здравје, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, задоволство од животот и согледан квалитет на општеството. Имањето два комплета податоци ќе му овозможи на истражувачкиот тим да измери како се промениле животите на луѓето во периодот помеѓу двете истражувања.

Податоците од EQLS и другите дополнителни извори се внесуваат во електронската база на податоци на Eurofound за статистички показатели за квалитетот на животот (EurLIFE).

Click to share this page to Facebook securely

Click to share this page to Twitter securely

Click to share this page to Google+ securely

Click to share this page to LinkedIn securely