EQLS од 2007 г.: Наоди

Преглед на резултатите

  • Европејците главно се задоволни и среќни со животот: на скала од еден до десет, просекот во групата ЕУ27 за задоволство од животот е 7 и 7,5 за среќа;
  • Нееднаквостите кај приходите во домаќинствата низ Европа се големи: во земјите од групата ЕУ27, Бугарија и Романија имаат ниски приходи како и во земјата-кандидатка, ПЈР Македонија. За да се справат со несоодветните приходи, околу половина од сите домаќинства во групите НЗЧ12 и ЗК3 (со исклучок на Кипар и Малта) одгледуваат одреден дел од нивната храна;
  • Семејството во голема мера е вклучено во грижата за децата и постарите лица и останува првото место за помош за лична поддршка во итни случаи. Европејците пријавуваат високи нивоа на задоволство од нивниот семеен живот. Жените сè уште поминуваат повеќе време во активности за грижа и домашни обврски за разлика од мажите;
  • Тешко е да се постигне добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, а проблемите поврзани со ова изгледа се најчести во Југоисточна Европа: во Хрватска и Грција, нешто над 70 % од граѓаните во работен однос изјавуваат дека се преморени за активности во домаќинството најмалку неколку пати месечно поради работата;
  • 81 % од жителите на ЕУ изјавиле дека доброто здравје е ‘многу важно’ за нивниот квалитет на животот: сепак, во просек, само 21 % од луѓето сметаат дека нивното здравје е ‘многу добро’;
  • Прашани да го оценат квалитетот на општеството, луѓето во групата НЗЧ12 од Источна Европа – и во Италија и Португалија – најмалку им веруваат на политичките институции. Граѓаните од нордиските земји, и од Турција, имаат најголема доверба во нивните институции. Луѓето во нордиските земји и во Холандија, исто така изјавуваат за највисоки нивоа на доверба во други луѓе.