Истражување за квалитетот на животот во Европа од 2012 г.
- български (bg)
- español (es)
- čeština (cs)
- dansk (da)
- Deutsch (de)
- eesti (et)
- ελληνικά (el)
- English (en)
- français (fr)
- Gaeilge (ga)
- hrvatski (hr)
- italiano (it)
- latviešu valoda (lv)
- lietuvių kalba (lt)
- magyar (hu)
- Malti (mt)
- Nederlands (nl)
- polski (pl)
- português (pt)
- română (ro)
- slovenčina (sk)
- slovenščina (sl)
- suomi (fi)
- svenska (sv)
- türkçe (tr)
Теренската работа за третото Истражување за квалитетот на животот (EQLS) се одвиваше од крајот на септември 2011 година до почетокот на февруари 2012 година во 27 земји-членки на Европската унија.
Извештајот од наодите, Квалитетот на животот во Европа: влијание на кризата (Quality of life in Europe: Impacts of the crisis), може да се најде на интернет.
Главни наоди
Во некои земји низ ЕУ е пријавен пад од повеќе од 20% на нивоата на оптимизам и среќа и над третина од луѓето посочуваат на влошување на нивната финансиска состојба во последниве пет години. Овие резултати, со одредени интересни исклучоци, во голема мера се одразуваат на економската реалност каде највисоки нивоа на оптимизам се пријавени во Данска и Шведска, а најниски нивоа во Грција, Италија и Португалија. Тековната социјална ситуација во Европската унија претставува комплексна и комплицирана приказна. Од последното истражување во 2007 година, поголем број луѓе, кои имале добри приходи и живееле во домови со добар квалитет, сега се борат со невработеност, долгови, несигурно домување и пристап до услуги.
Исто така, истражувањето нагласува дека за многу луѓе е потешко да врзат крај со крај: 7% пријавуваат ‘големи тешкотии’ да врзат крај со крај и постојат големи разлики меѓу земјите-членки со опсег од 22% во Грција и 1% во Финска. Кога биле запрашани кому би се обратиле ако треба итно да позајмат пари, повеќето Европејци (70%) би се обратиле кај член од своето семејство или роднина за заем. Други 12% би се обратиле кај пријател, сосед или некој друг, додека 8% би се обратиле кај давател на таква услуга или некоја институција. Едно од десет лица (10%) изјавуваат дека не би можеле да се обратат никому; ова е особено точно кај лицата во квартилот со најниски приходи (15%). Вкупно земено, 8% од луѓето во ЕУ не биле во можност да ги вратат неформалните долгови според договорот.
Во последниве пет години опадна и довербата во клучните јавни институции, како што се владите и парламентите, а очигледно најголем пад постои во земјите што се соочуваат со најсериозни економски тешкотии, како што се Шпанија и Грција. Довербата во јавните институции е највисока во Данска, Финска, Луксембург и Шведска, главно поради неспоредливото ниво на доверба во националните политички институции во овие земји-членки.
Во извештајот од прегледот се испитува широк опсег на проблеми, како што се невработеност, приход, домување и животни услови, семејство, здравје, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, задоволство од животот и согледаниот квалитет на општеството. Понатамошните извештаи за субјективната благосостојба, социјалните нееднаквости, квалитетот на општеството и на јавните услуги, како и трендовите во квалитетот на животот во текот на трите бранови од истражувањето ќе следат во 2013 година.
Опфатеност
Во овој извештај се опфатени 27 земји-членки на ЕУ, но вкупно беа интервјуирани 43.636 лица во 34 земји (во разликата се вклучени седум земји-кандидатки или претпристапни земји: Хрватска, Исланд, ПЈР Македонија, Црна Гора, Косово, Србија и Турција). Резултатите од овие земји ќе бидат објавени во 2013 година. Eurofound работеше во тесна соработка со својот изведувач GfK EU3C во Белгија за да овозможи задоволување на највисоки стандарди на квалитет при подготовката и спроведувањето на третото EQLS.
Се очекува дека базата на податоци ќе ѝ биде достапна на јавноста преку Архивата со податоци на ОК во пролет 2013 година.