Истражување за квалитетот на животот во Европа од 2012 година - Методологија

Во напор да обезбеди споредливи и доверливи податоци за квалитетот на животот низ Европа, Eurofound разви унифициран методолошки пристап и систем за обезбедување квалитет. Со текот на годините методологијата се подобри, се вклопија нови прашања, а географскиот опсег се зголеми со проширувањето на Европската унија.

Период за теренска работа: Од септември 2011 до февруари 2012 година (земји-членки на ЕУ); од мај до август 2012 година (земји што не се членки на ЕУ).

Изведувач: GfK Significant (Белгија).

Опфатеност: 27 земји-членки на ЕУ и 7 земји што не се членки на ЕУ (Хрватска, Исланд, Косово, поранешна југословенска Република Македонија, Црна Гора, Србија и Турција)

Целно население: Целното население го претставуваат сите жители на гореспоменатите земји на возраст од 18 и повеќе години.

Примерок: Основниот примерок е повеќефазен, повеќеслоен примерок по случаен избор. Секоја земја е поделена на делови според регионот и степенот на урбанизираност, а во секој од нив е извлечен голем број на примарни испитни единици (ПИЕ) по случаен избор. Следствено на тоа, во секоја ПИЕ се извлекува примерок на домаќинства по случаен избор. Конечно, лицето избрано за интервју од секое домаќинство е она чиј роденден е следен.

Големина на примерокот: Големината на целниот примерок се движи во опсег од 1.000 во најмалите земји до 3.000 во најголемите. По завршувањето на теренската работа, вкупниот број изнесуваше 43.636 интервјуа.

Тип на истражување: Врз основа на прашалник со интервјуа спроведени лице во лице во домовите на луѓето на националниот(те) јазик(ци) во земјата.

Тип на интервју: Лице во лице, во домашни услови, просечно времетраење 38 минути во земјите од групата ЕУ27 и 39 минути во земјите што не се членки на ЕУ.

Достапен е технички извештај (English, .pdf, 1MB) за EQLS .