Истражувања за работните услови во Европа (EWCS)

Од првичното иницирање во 1990 г., Истражувањето за работните услови во Европа обезбеди преглед на работните услови во Европа со цел за:

  • пристапување и квантификација на работните услови на вработените и самовработените лица низ Европа на хармонизиран начин
  • анализирање на односите меѓу различни аспекти на работните услови
  • идентификување ризични групи и проблематични прашања, како и поле на напредок
  • следење на тенденциите со обезбедување хомогени показатели за овие прашања
  • придонесување кон развојот на Европската политика

Опсегот на прашалникот од истражувањето е значително проширен во споредба со првото издание со цел да се обезбеди сеопфатна слика на секојдневната реалност на мажите и жените на работното место. Интегрирањето на начелото за еднаквост на половите било важна грижа во неодамнешните прегледи на прашалникот.

Темите што се опфаќаат денес вклучуваат статус на вработување, времетраење и организација на работното време, организација на работата, учење и обука, физички и психо-социјални ризични фактори, здравје и безбедност, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, учество на работниците, приходи и финансиска безбедност, како и работа и здравје.

Во секој циклус лично се испитуваат работници по случаен избор (вработени и самовработени). По проширувањата на Европската унија се прошири и географското подрачје на примена на истражувањето:

  • Во рамките на првото EWCS во 1990/1991 г.: беа испитани работници во земјите од групата ЕЗ12
  • Во рамките на второто EWCS во 1995/1996 г.: беа испитани работници во земјите од групата ЕУ15
  • Во рамките на третото EWCS во 2000 г.: во првата фаза беа анкетирани земјите од групата ЕУ15 и Норвешка, за потоа истражувањето да биде проширено на дванаесетте “нови” земји-членки во 2001 г. и Турција во 2002 г. во втората фаза
  • Во рамките на четвртото EWCS во 2005 г.: групата ЕУ27, плус Норвешка, Хрватска, Турција и Швајцарија
  • Теренската работа за петтото EWCS се одвиваше во периодот од јануари до јуни 2010 г., со испитување на речиси 44.000 работници во групата ЕУ27, Норвешка, Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија, Турција, Албанија, Црна Гора и Косово.
  • Шест EWCS во 2015 година: анкета на работниците во ЕУ28, Норвешка, Швајцарија, Албанија, поранешна југословенска Република Македонија, Црна Гора, Србија и Турција
  • Седми EWCS во 2020 година: анкета на работниците во Европската унија, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.