Петто Истражување за работните услови во Европа од 2010 г.

Теренската работа за петтото Истражување за работните услови во Европа беше спроведена помеѓу јануари и јуни 2010 година. Прашалникот опфаќаше прашања за несигурно вработување, стилови на лидерство и учество на работници, како и општ контекст на работата, работно време, организација на работата, плата, здравствени ризици поврзани со работата, когнитивни и психо-социјални фактори, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и пристап до обука. Беа вклучени одреден број прашања за да се опфати влијанието на економскиот пад врз работните услови.

Биле испитани скоро 44.000 работници во 34 земји – ЕУ27, Норвешка, Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија, Турција, Албанија, Црна Гора и Косово – со што оваа фаза е најсèопфатна досега во поглед на географската покриеност. Петтото EWCS го спроведе Галуп Европа (Gallup Europe) кој работеше во рамката на силно обезбедување квалитет за да се обезбедат највисоки можни стандарди во сите процеси на собирање и уредување податоци.

Useful? Interesting? Tell us what you think. Hide comments

Add new comment