EWCS од 2010 г. - Земање примероци

Користениот примерок во Истражувањето за работните услови во Европа ги претставува лицата на возраст од 15 години и постари (16 години и постари во Шпанија, ОК и Норвешка) во работен однос и престојуваат во земјата каде се врши истражување. Во секоја земја се користело повеќефазно, повеќеслојно случајно земање примероци.

Во првата фаза биле земени примероци од примарни единици за земање примероци (PSU) со раслојување според географски региони (NUTS 2 ниво и подолу) и ниво на урбанизација. Подоцна биле испитувани домаќинства во секое PSU. Во земјите каде што бил достапен ажуриран, висококвалитетен регистар на адреси и население, тој се користел како рамка за испитување примероци. Ако не бил достапен таков регистар, се применувала постапка на случајна рута. Во петтото EWCS, за прв пат, набројувањето на адресите преку оваа постапка за случајна рута беше одделено од фазата на испитување. На крај се применуваше постапка на проверка за да се изберат подобни испитаници во секое домаќинство.

Целниот број на интервјуа изнесувал 1.000 во сите земји, освен Словенија (1.400), ОК, Италија и Полска (1.500), Германија и Турција (2.000), Франција (3.000) и Белгија (4.000). Словенската, француската и белгиската влада ја искористиле можноста понудена од Eurofound да плати за дополнение на одредената големина на примерокот. Бројот на завршени интервјуа во секоја земја накратко е прикажан во следнава табела.

Број на завршени интервјуа:

Белгија

4001

Ирска

1003

Австрија

1003

Хрватска

1100

Бугарија

1014

Италија

1500

Полска

1500

ПЈРМ

1100

Република Чешка

1000

Кипар

1000

Португалија

1000

Турција

2100

Данска

1069

Летонија

1001

Романија

1017

 

 

Германија

2133

Литванија

1004

Словенија

1404

Албанија

1000

Естонија

1000

Луксембург

1000

Словачка

1002

Косово

1018

Грција

1037

Унгарија

1006

Финска

1028

Црна Гора

1041

Шпанија

1008

Малта

1000

Шведска

1004

 

 

Франција

3046

Холандија

1017

ОК

1575

Норвешка

1085

За повеќе информации посетете ја локацијата Извештај за спроведување на земањето примероци.