EWCS од 2010 г. - Пондерирање

Како и во првите фази од EWCS, треба да се применат три типа мерки за да се овозможи дека резултатите базирани на петтото EWCS ќе се сметаат како репрезентативни за работниците во Европа.

  1. Мерки за веројатност на избор
    Поради начинот на којшто е проектиран процесот на испитување примероци, луѓето во домаќинствата имаат поголема шанса да бидат избрани за примерокот отколку луѓето во домаќинствата со повеќе работници. На пример, во домаќинство со еден вработен, можноста да се избере ова лице е 100 %, а кај домаќинства со две вработени лица, можноста за избирање опаѓа на 50 %. Мерките за веројатност на избор (или проектни мерки) се направени токму за да се исправи ова.
  2. Мерки за пост-раслојување
    Поради разликите за подготвеност и достапност да се учествува во истражувањето, одредени групи се премногу застапени, а други групи се премалку застапени во примерокот на EWCS. За резултатите точно да го одразат населението на работници во секоја земја, потребно е пондерирање за пост-раслојување. Мерките се пресметуваат при споредување на EWCS со Истражувањето на работната сила (Еуростат) во однос на полот, возраста, регионот, занимањето и секторот на економска активност на испитаниците. 
  3. Супра-нацонални мерки
    Разликите меѓу земјите според големината на нивната работна сила не се одразуваат (целосно) во примерокот за големина во секоја земја. За да се увериме дека поголемите земји имаат поголемо значење во резултатите на ниво на ЕУ, треба да се применат супра-национални мерки кога се вршат анализи на ниво на Европа.

За повеќе информации видете Извештај за пондерирање, [.pdf, 3,7 МБ, само на англиски јазик].