EWCS од 2010 г. - Здравје и благосостојба: информации за ризиците

Повеќе работници денес се информирани во врска со ризиците за здравјето и безбедноста од кога било порано

Уделот на работници коишто пријавуваат дека се многу добро или добро известени во врска со ризиците за здравјето и безбедноста поврзани со извршувањето на нивната работа се зголеми – до 90 % од работниците во 2010 година. Работниците во Турција (67 %), Франција (81 %) и Малта (85 %) се најслабо информирани во Европа, додека работниците во Ирска (97 %), Унгарија (95 %) И Латвија (96 %) се најдобро информирани. Жените пријавуваат дека се малку подобро информирани за разлика од мажите.

‘Меѓутоа, сè уште постојат нееднаквости меѓу луѓето со различни видови занимања при што нискоквалификуваните работници почесто се послабо информирани за ризиците во врска со здравјето за разлика од висококвалификуваните работници’, изјавува Грит Вермилен (Greet Vermeylen), раководител на истражувања во Eurofound.

Колку сте добро информирани во врска со ризиците за здравјето и безбедноста поврзани со вашето работно место? (q30)

Новата Алатка за мапирање на истражувањата на
Eurofound ви дава целосен пристап до сите податоци од 5-тото Истражување на работните услови во Европа, корисна и атрактивна графичка презентација на развојот на работните услови помеѓу 1991 и 2010 година.