EWCS од 2010 г. - Вештини, обука и изгледи за кариера

Повеќе работници се обучуваат на работното место

Дали сте биле обучувани на товар на вашиот работодавач (или на ваш товар ако сте самовработени) во претходната година? (q61a)

И додека европската политика се стреми да го зголеми бројот на работни места, се стреми и повеќе да ги искористи вештините и експертизата на работниците со цел да се поттикне продуктивноста, не само со креирање услови за унапредување на стекнувањето вештини и охрабрување на автономијата на работниците. Обуката и организацијата на работата играат важна улога во ова.

Петтото Истражувањето за работните услови во Европа покажа дека платената обука од страна на работодавачите во 2010 година беше на највисоко ниво од 1995 година (за групата држави од ЕУ15) каде 34 % од работниците добиваа обука во 12-те месеци пред истражувањето. Ова е прекин во 15-годишната тенденција во која не се зголемила обуката обезбедена од работодавачот (бројката навистина опаѓаше во периодот помеѓу 2000 и 2005 година).

„Значењето на овој наод е дека важноста на обуката изгледа дека е призната во многу земји. Времето ќе покаже дали ова е одржлива тенденција. Секако економскиот контекст одиграл своја улога,“ изјави Маја Лили -Ириäнäинен, раководител на истражување во Eurofound. „Многу од шемите за работење со скратено работно време вклучуваат обука. Исто така, самите вработени биле поактивни.“

Покрај тоа, обуката на работното место стана и пораспространета вклучувајќи 24 % од вработените во 2005 година и 30 % во 2010 година.

Новата Алатка за мапирање на истражувањата ви дава целосен пристап до сите податоци од 5-тото Истражување на работните услови во Европа, корисна и атрактивна графичка презентација на развојот на работните услови помеѓу 1991 и 2010 година.

Можностите за обука не се исти за сите работници 

При петтото Истражување за работните услови во Европа се открило дека вработените на неопределено време многу повеќе ја корист обуката платена од страна на работодавачот отколку вработените со други договори: во 2010 година, 39 % од вработените на неопределено време имале пристап до обука платена од работодавачот во споредба со само 26 % од другите вработени.

‘Од нашите наоди јасно се гледа дека е многу важно каков договор имате со вашиот работодавач,“ вели Грит Вермилен (Greet Vermeylen), раководител на истражување во Eurofound. ‘Ако имате договор за неопределено работо време, имате многу повеќе изгледи за развој на работното место, да научите повеќе и да најдете предизвици кои на крајот ќе придонесат за подобра и поинспиративна работна средина.“

Дали некогаш сте биле обучувани на товар на работодавачот во последната година?

Работен статус: работници со договори на неопределено време

Исто така, се разликува и сликата кај групите занимања. Високо квалификуваните службеници поминале најдобро при што 47 % од таквите работници добиваат обука платена од страна на работодавачот наспроти 36 % од пониско квалификуваните службеници. И покрај тоа што сите групи занимања имале корист од зголемувањето на пристапот кон платена обука помеѓу 2000 и 2010 година, физичките работници поминале подобро од службениците со тоа што уделот на физички работници коишто добиваат платена обука се покачува од 18 на 22 %. Иако ова покачување е поголемо од тоа кај службениците, физичките работници сè уште користат помалку обука.

И возраста е важна: 30 % од тие на возраст над 50 години добиваат обука на товар на нивниот работодавач во споредба со 36 % од работниците на возраст помеѓу 30 и 49 години. Разликата меѓу возрасните групи се намали.

Дали сте биле обучувани на товар на вашиот работодавач (или на ваш товар ако сте самовработени) во претходната година? (q61a)

 

Обуката на товар на вработените скокна за 50 % во последниве пет години

Во петтото Истражување за работните услови во Европа се дознало дека еден на десет работници (9 %) платил за својата обука за работното место во 2010 година. Ова претставува зголемување од 50 % во последниве 5 години.

„Иако зголемувањето на можностите за обука е добредојдено и е во согласност со целите на европската политика, би сакале некако да го нијансираме: ќе биде многу тешко да се каже дека нивоата на обезбедена обука се високи.“ вели Агнес Паран Тирион (Agnès Parent-Thirion), раководител на секторот за истражувања и анализа на тенденции во Eurofound. „Исто така, токму вработените со највисоко образование добиваат и плаќаат за обука. Вкупно земено, нееднаквостите помеѓу висококвалификуваните службеници и нискоквалификуваните работници се високи, но значително повисоки кога ќе се земе предвид плаќањето за обука од самите работници. '

Односот за обуката на работното место на товар на работодавачот за висококвалификуваните службеници и нискоквалификуваните физички работници се движи од 1 до 2 до однос од 1 до 5 кога ќе се земе предвид обуката платена од страна на вработените.

Овие резултати потврдуваат дека зголемувањето на вештините на работната сила бара политика на амбициозност на повеќе нивоа каде сите ја играат својата улога. Новата Алатка за мапирање на истражувањата на

Eurofound ви дава целосен пристап до сите податоци од 5-то Истражување на работните услови во Европа, корисна и атрактивна графичка презентација на развојот на работните услови помеѓу 1991 и 2010 година.